Променет е терминот за одигрување на натпреварот меѓу Бенфика и Вардар во првото коло од главната фаза во Европската лига во Лисабон закажан за 17 февруари 2026 година.
Наместо во првично закажаниот термин од 20:45 часот по средноевропско време, мечот ќе се игра на 17 февруари 2026 година, со почеток од 18:45 часот по средноевропско време, односно 17:45 часот по локално време во Лисабон.
Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува Бенфика, па поради тоа беше направена корекција на почетокот на ракометниот дуел.
Инаку, во последното коло од лигашкиот дел од фудбалската Лига на шампиони,
Бенфика на легендарниот Жозе Мурињо извојува победа над Реал Мадрид од 4-2 со која обезбеди пласман во плеј-офот и двомеч токму со „кралскиот“ клуб.
Вардар во главната фаза од Европската лига ќе игра во група со Бенфика, Мелсунген и Кристијанштад а дуелот во Лисабон ќе биде прв тест за „црвено-црните“ во оваа фаза од натпреварувањето.