Свет иран

Меѓу уапсените во неодамнешните немири во Иран идентификувани 139 странски државјани

Меѓу лицата уапсени за време на неодамнешните немири во иранската покраина Јазд идентификувани се 139 странски државјани, соопшти командантот на покраинската полиција Сардар Ахмад Негабан.

Негабан наведе дека, во текот на истрагата, безбедносните служби утврдиле дека странските државјани имале активна улога во организирањето, поттикнувањето и насочувањето на нередите, злоупотребувајќи ги социјалните мрежи, пренесе Мехр. Во одредени случаи, додаде тој, уапсените биле во контакт со мрежи надвор од земјата.

Тој истакна дека една од главните цели на безбедносните и правосудните органи е разликување на легитимните барања на граѓаните од организираните и однадвор поврзани активности, и оти идентификацијата на тие поединци е спроведена во таа рамка. Според него, против сите идентификувани лица се води судска постапка во согласност со важечките закони и прописи на Исламската Република Иран.

To top