Македонија анализа

Значи, можело и без свиткана кичма и без наведната глава во ЕУ

3-дневна блокада на транспортните терминали на границите во регионот беше доволна ЕУ да сфати дека ја прели чашата. Доста е од понижувањата и воведувањата различни критериуми, во различни ситуации. Да, штета трпат и македонската и економиите во регионот, но големи штети трпи и ЕУ. Први гласот го дигнаа бугарските авторитети и транспортери, колку тоа и да звучи апсурдно. Тие први сфатија дека негаторската политика на нивната влада ниту носи леб, ниту прави профит. А, се поради кратковидата, гломазната и бавна бриселска бирократија која се буди само кога ќе е засегната.

Значи, можело и без свиткана кичма и без наведната глава во ЕУ

3-дневна блокада на транспортните терминали на границите во регионот беше доволна ЕУ да сфати дека ја прели чашата. Доста е од понижувањата и воведувањата различни критериуми, во различни ситуации. Да, штета трпат и македонската и економиите во регионот, но големи штети трпи и ЕУ. Први гласот го дигнаа бугарските авторитети и транспортери, колку тоа и да звучи апсурдно. Тие први сфатија дека негаторската политика на нивната влада ниту носи леб, ниту прави профит. А, се поради кратковидата, гломазната и бавна бриселска бирократија која се буди само кога ќе е засегната.

Прво ни ги земаа возачите, па не затворија во гето. Дел беа принудени да земат бугарски пасоши.Тие што останаа со македонски пасош почнаа да ги третираат како нелегални мигранти, затворајќи ги во притвор и депортирајќи ги во матичната земја како криминалци со црн печат во патната исправа.

Оттаму не изненадува ниту поддршката за транспортерите од премиерот Мицкоски и од вицепремиерот Николоски, кој со лично присуство на блокадите им покажаа на бриселските бирократи дека тоа што го прават ниту е правилно, ниту е достоинствено.

Кога ЕУ има интерес тогаш може и брзо решение, тогаш може и на камионџиите и на автобуските превозници, па и на спортистите и уметниците не да им се прогледува низ прсти, туку да им се признае основното право да работат без да бидат дискриминирани во споредба со нивните колеги од ЕУ. Кога е во тесно Брисел веднаш реагира и тоа со пишан документ – гаранција. А, тоа е единственото што владата и премиерот Мицкоски го бараат од ЕУ.

Затоа кога ЕУ е загрозена или се загрозени нејзините интереси, како што е влошувањето на глобалната безбедност на границите на ЕУ и растечкото влијание на Русија и Кина во регионот, тогаш Брисел е подготвен за нов документ, па нека биде и нон-пејпер со кој ќе се решава очигледната криза во проширувањето наметната од небулозни билатерални спорови и уцени.
Гаранции – тоа го бара македонската влада! Решавање на македонските барања за базични човекови права, спроведување на пресудите од Стразбур во корист на Македонците во Бугарија и фер однос во преговорите. Преговори базирани на мерит системот и фундаментите на ЕУ, а не на билатерална закана за вето поради нерационалното, понижувачко и несфатливо за демократијата во Европа непризнавање на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура.

Протестот и блокадите од камионџиите само ја потврдија исправноста на политиката на владата кон ЕУ и Бугарија, дека без малцински и човекови права, без гаранции за предвидливост на преговарачкиот процес, гаранции дека нема да има ново бугарско вето за идентитетски или историски прашања, нема да има вметнување на Бугарите во преамбулата на македонскиот устав.

И колку и да се хистерични коментарите на официјална Софија дека правата на Бугарите во земјава се потиснати, на нив одговор повторно дојде од Стразбур.

Парламентарното собрание на Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000-та година. Со тоа се доби важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји. И точка. Ајде сега да видиме и Софија да го почитува Стразбур како ние.

Точно е дека постмониторингот заврши и за Бугарија во октомври. Но, ПССЕ не испушти да наведе дека ќе продолжи да работи со Комитетот на министри на случајот со Бугарија, за да има видлив прогрес во извршување на пресудите од Европскиот суд за човекови права, посебно поради одбивањето да се регистрираат здруженијата на граѓаните со македонска етничка припадност.

Да, треба само малку волја граѓаните од двете земји да го добијат тоа што го заслужуваат и по примерот на камионџиите да живеат, работат, соработуваат и патуваат низ континетот, обединет со една благородна идеја наречена ЕУ.

ПС: Има ли некој во Брисел или пошироко, кој ќе им каже на Бугарите дека сме длабоко во 21. век дека тие не се ,,врховен суд‘‘ и врховен Бог‘‘ кој ќе кажува кој е, што е и што не смее да биде. И се разбира конечно да сфатат дека МАКЕДОНИЗМОТ никогаш нема да го уништат, калку и да сонува Радев!

Најнови вести од Македонија

To top