Познати Покрај ќерката, Тома има и син

Ова е Жаклина, ќерката на Тома Здравковиќ: Живее далеку од татковината, само еднаш е видена во јавност (ФОТО)

Тома го кажа судбоносното „да“ дури четири пати, а од бракот со Олгица, со која се ожени во 1963 година, ја доби ќерката Жаклина.

Ова е Жаклина, ќерката на Тома Здравковиќ: Живее далеку од татковината, само еднаш е видена во јавност (ФОТО)

Легендарниот фолк пејач Тома Здравковиќ, кој почина во 1991 година, сè уште се смета за најголем боем од поранешна Југославија, а неговиот љубовен живот беше и останува од особен интерес за јавноста.

Тома го кажа судбоносното „да“ дури четири пати, а од бракот со Олгица, со која се ожени во 1963 година, ја доби ќерката Жаклина.

Сепак, нивниот брак не траеше долго. Во таа љубов се роди Жаклина, која е првото дете на Тома, а денес таа живее во Холандија и е мајка на две момчиња.

-Поживеав краток период од мојот живот со него и кога почина, бев многу, многу тажна. Живееш со фактот дека тој е дел од тебе, дека постои во мене, во мојот брат, во песните, во другите луѓе на кои им даваше добри чувства, рече еднаш Жаклин.

Таа не ги следеше стапките на својот славен татко, не се занимава со јавна работа и не е експонирана во медиумите, туку живее далеку од малите екрани.

Единствениот пат кога Жаклина беше во центарот на медиумското внимание беше на гробот на нејзиниот татко, кога зборуваше за него пред медиумите.

Покрај ќерката, Тома има и син Александар кој му го роди неговата сопруга Гордана.

To top