Свет Украина

Зеленски вели дека има помалку руски напади врз инфраструктурата

– Ова покажува дека кога Соединетите Држави имаат мотив навистина да ја променат ситуацијата, ситуацијата може да се промени, рече Зеленски.

Зеленски вели дека има помалку руски напади врз инфраструктурата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека бројот на руски напади врз енергетските капацитети во неговата земја е намален.

Иако инфраструктурните локации во подрачјата на фронтот повторно беа погодени од гранатирање, вклучувајќи и локални генератори за струја, во текот на денот немаше напади со ракети или борбени беспилотни летала „Шахед“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

Тој го припиша ова намалување на притисокот од страна на Соединетите Американски Држави врз Москва.

– Ова покажува дека кога Соединетите Држави имаат мотив навистина да ја променат ситуацијата, ситуацијата може да се промени, рече Зеленски.

Украина речиси четири години се брани од руска инвазија со помош на Западот. За тоа време, руската војска систематски ги уништуваше електраните и трафостаниците. Оваа зима, во услови на екстремно ниски температури, Украина влезе во својата најтешка енергетска криза од почетокот на војната, пренесе ДПА.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека рускиот лидер Владимир Путин, на негово барање се согласил да ги прекине нападите врз енергетските објекти во Украина. Москва првично го потврди ова, но подоцнежните изјави сугерираа дека оваа ограничена пауза во меѓувреме завршила. (МИА)

To top