Германскиот репрезентативен голман Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда.
Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“.
Каталонски медиуми потврдија дека Тер Штеген доживеа повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци.
Џирона може да ја прекине позајмицата бидејќи паузата со која се соочува Германецот на воопшто не е кратка.
Џирона има проблем, бидејќи остана само со Газанига, откако Ливаковиќ го напушти клубот и се врати во Динамо Загреб.