Хроника

Македонски државјанин уапсен во Србија, еве за што го сомничат

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево.

Македонски државјанин уапсен во Србија, еве за што го сомничат

Српската полиција уапси во Краљево маж (44) од Македонија под сомнение дека ограбил обложувалници и пошта, соопшти денеска локалната полициска управа.

Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека влегол во обложувачници и пошти на територијата на Краљево со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.

Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика од пиштолот за кој се сомнева дека го користел при извршувањето на кривичното дело.

Тој е обвинет за пет кривични дела разбојништво. На осомничениот ми е одредено задржување до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен во ОЈО во Краљево.

To top