Свет

Продажбата на пиво во Германија падна на најниско ниво во последните 32 години

Продажбата на пиво во Германија во 2025 година падна за шест проценти во однос на претходната година, достигнувајќи околу 7,8 милијарди литри, што е најниско ниво од 1993 година, соопшти Федералниот завод за статистика (Destatis).

За првпат во историјата, продажбата на пиво падна под осум милијарди литри, а во споредба со 2015 година е намалена за речиси 19 проценти. Најголемиот дел, околу 82,5 проценти, е продадено на домашниот пазар, каде потрошувачката се намалила за 5,8 проценти. Останатите 17,5 проценти се извезени или дадени на вработените во пиварниците, со пад од седум проценти.

Од заводот за статистика посочуваат дека извозот во земјите на ЕУ се намалил за 1,3 проценти, а во земјите надвор од ЕУ за 14,2 проценти. Додека пак, според нив, сезонската продажба останува непроменета – раст во пролет и лето, пад во есен и зима, но долгорочниот тренд е опаѓачки.

-Пад е забележан и кај мешавините на пиво со безалкохолни пијалаци, како лимонада или кола, чија продажба лани се намалила за 5,2 проценти, во споредба со преклани, на 402 милиони литри, се наведува на веб-страницата на „Дестатис“.

Најнови вести од Свет

To top