Република Општина Струмица

Урнати бесправно изградени објекти во близина на училиштето „Никола Карев“ во Струмица

Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет.

Урнати бесправно изградени објекти во близина на училиштето „Никола Карев“ во Струмица

Градежната инспекција при Општина Струмица спроведе акција за отстранување на бесправно изградени објекти во непосредна близина на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“, соопштија од локалната самоуправа.

Се додава дека парцелата е во сопственост на државата и притоа со решителна и транспарентна постапка биле отстранети сите објекти изградени спротивно на законските прописи.

Од Општината наведуваат дека оваа акција е јасна порака дека јавниот интерес и владеењето на правото се приоритет.

-Општина Струмица останува доследна во спроведувањето на законите и заштитата на јавниот простор, а инспекциските служби ќе продолжат со активности и во наредниот период, стои во соопштението од Општина Струмица.

Најнови вести од Република

To top