„Голи оток“ и „Брушанско маало“ се двете населби што денеска остануваат без вода за пиење поради дефект, информираа доцна синоќа од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци.
– Поради дефект на главна линија за дел од висока зона на градот, без вода за пиење ќе останат населба „Брушанско маало“ и населба „Голи оток“, соопштија од претпријатието.
Од претпријатието посочија дека прекинот во водоснабдувањето за двете населби ќе трае додека да се отстрани дефектот и се нормализира снабдувањето со вода за пиење.
Од „Комуналец“ побараа разбирање од жителите на овие две населби.