Израел делумно го отвори граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа за патнички сообраќај, известија во понеделникот египетската телевизија и израелски безбедносни извори.
Преминот е официјално во функција за првпат по околу една година, соопшти државната египетска телевизија „Al-Qahera News“, а отворањето го потврдија и израелски безбедносни извори, пренесе ДПА.
Се очекува овој потег да им овозможи на повредените и болните Палестинци да ја напуштат крајбрежната територија, која беше опустошена во повеќе од две години војна по терористичките напади на 7 октомври 2023 година. Палестинците кои побегнаа од војната, исто така, треба да можат да се вратат во Газа.
Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас е во сила од октомври, како дел од мировниот план поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп. (МИА)