Македонија Авто мото сојузот на Македонија

Затворен за сообраќај патот Удово – Валандово, магла на планинските превои

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на кашест снег на некои повисоки места поради што се препорачува внимателно возење. 

Затворен за сообраќај патот Удово – Валандово, магла на планинските превои

На патниот правец Удово – Валандово утрово од 05:25 часот е воведена забрана за сообраќај поради излевање на Калковска Река. Сообраќајот се пренасочува на патниот правец село Марвинци – Валандово.

Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови со остатоци на кашест снег на некои повисоки места поради што се препорачува внимателно возење.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

To top