Останати спортови

Рекетот на Ѓоковиќ од финалето на АО 2012 продаден за над половина милион долари

Рекетот на Ѓоковиќ од финалето на АО 2012 продаден за над половина милион долари

Рекетот со кој Новак Ѓоковиќ го победи Надал во легендарното финале на Австралија опен 2012 е продаден за 540.000 долари – најскапиот тениски сувенир во историјата.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, рекордер по бројот на освоени грен-слем титули во машкиот тенис, сега постави уште еден историски рекорд – неговиот рекет стана најскапиот тениски сувенир некогаш јавно продаден.

Рекетот со кој Ѓоковиќ настапи во финалето на Австралија опен 2012 година, каде што го совлада Рафаел Надал во најдолгото грен-слем финале во историјата на тенисот (5 часа и 53 минути), беше продаден во саботата вечерта за 540.000 долари, соопшти аукциската куќа SCP.

Пред почетокот на аукцијата, SCP ја процени вредноста на рекетот на повеќе од 200.000 долари, но интересот на колекционерите доведе до значително повисока конечна цена.

Со оваа продажба, Ѓоковиќ го надмина досегашниот рекорд кој го држеше Карлос Алкараз, чиј рекет користен во финалето на Вимблдон 2023 година беше продаден во октомври за 173.000 долари.

 

 

To top