Фудбал

Карим Бензема се враќа во Европа?

Карим Бензема се враќа во Европа?

Карим Бензема веројатно се враќа во Европа и тоа во еден од европските гиганти, во Јувентус.

Имено Јувентус стапил во комуникација со клубот од Ал-Итихад за да ги испита условите под кои искусниот напаѓач би можел да ја напушти Саудиска Арабија.

Јувентус, кој е во фаза на спортско реструктуирање и враќање на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал, го гледа Бензема како идеално решение за засилување на офанзивната линија.

Карим Бензема го напушти Реал Мадрид во летото 2023 година и, по долгогодишно владеење во Европа, се одлучи за профитабилен ангажман на Блискиот Исток.

To top