Останати спортови

Алкараз: Новак ти си вечна инспирација за мојата кариера!

Алкараз: Новак ти си вечна инспирација за мојата кариера!

Шпанецот Карлос Алкараз ѝ се обрати на публиката во Мелбурн веднаш по првиот освоен трофеј на Австралија Опен.

„Новак зборуваше за тоа како дојдов овде да бидам успешен, ме инспирираше и ми даде мотивација. Тоа што го гледав од тебе и твојот тим, ме правеше уште посилен. Ти благодарам што си огромна инспирација за мене и за мојата кариера.

Никој не знае колку напорно работевме за да дојдеме до овој момент. Се фокусиравме на овој турнир и не обрнувавме внимание што зборуваат луѓето. Чувствувавме притисок, но во позитивна смисла. Не би издвоил никого, едноставно овој успех е за целиот мој тим.

Чудно беше да го гледаме Рафа на трибините, а не на теренот. Надал е вистинска легенда, драго ми е што е тука и може да го сподели овој успех со мене. Навистина сум почестен. Благодарност до организаторите, бевме дел од еден неверојатен турнир. Се гледаме следната година“, изјави Алкараз.

To top