Новак Ѓоковиќ по финалето на Австралија Опен беше доволна за тениските фанови ширум светот да почнат да зборуваат за неговото пензионирање.
Во своето обраќање веднаш по мечот Ноле рече:
“Само Бог знае што ќе се случи утре или за шест месеци. Беше прекрасно патување“, рече Новак по финалето, а според мислењето на многумина, ова беше неговото збогување со публиката во Австралија.
Фактот што ги изостави зборовите „се гледаме следната година“ веднаш предизвика дебата по социјалните мрежи. Сите очекуваа тој да го каже тоа, но реченицата недостасуваше и многумина ја сфатија како јасен знак.
На таа тема Новак зборуваше и на прес-конференција на која истакна дека сè уште не знае ништо.
„Не знам дали ќе ја видам оваа публика во иднина повторно или не“, почна Новак и продолжи:
„Ќе видиме. Не се преправам, не ги извртувам работите. Не знам ништо во последните година и пол. Реков дека би сакал да играм на Олимписките игри. Можеби ќе играм еден турнир годишно, можеби два, можеби 10. Сега мојата единствена желба е да бидам со моето семејство.“
Околу следните чекори…
„Ќе видам. Не можам да размислувам за следните чекори и турнири. Сепак, никогаш не сум доживеал такви емоции какви што ми ги даде публиката овие денови во Мелбурн. Благодарен сум. Тоа што сигурно го знам е дека ќе се вратам во Австралија, без разлика дали како играч или нешто друго, ќе видиме.“
На прашањето дали сè уште верува во освојувањето на 25-от грендслем во кариерата, Новак вели:
„Ги намалив очекувањата и не сум под притисок. Верував и секогаш верувам дека го освојувам турнирот, каде и да играм, но не го очекувам тоа. Да бидам искрен горчлив е малку вкусот по ова финале, иако секако сум среќен од тоа што Бог ми го даде оваа година на овој турнир. Но, сигурно не знам дали ќе имам шанса во иднина повторно да играм некое грендслем финале“.