Легендата на Реал Мадрид и актуелен тренер на првиот тим, Алваро Арбелоа, упати јасна порака до навивачите – колективот има потреба од поддршка, особено во моменти кога резултатите не се на посакуваното ниво.
Арбелоа истакна дека грешките се неизбежен дел од фудбалот и дека токму преку нив екипата учи и напредува.
Според него, критиките се нормални, но поддршката од трибините е клучна за развојот и самодовербата на играчите.
Тој нагласи дека Реал Мадрид секогаш бил најсилен кога навивачите стоеле зад тимот, без разлика на околностите. „Со поддршка стануваме подобри и посилни“, порача Арбелоа.