Останати спортови

Ѓоковиќ и Алкараз – финале за уживање

Ѓоковиќ и Алкараз – финале за уживање

Во борба за престижниот пехар  на Австралија Опен ќе играат Новак Ѓоковиќ кој ќе го игра своето 11. финале во Мелбурн и досега нема пораз во финале и Шпанецот Карлос Алкараз за кого ова ќе биде прво финале во Мелбурн парк.

„Род Лејвер Арена“ и 15 илјадната публика секако и бројните љубители кои на разни начини ќе го следат тв преносот или преку интернет во очекување се на голема борба.

Ѓоковиќ (38. години) кој своето полуфинале со Синер го заврши доцна во ноќта не тренираше во саботата, но притоа имаше и полесен пат до финалниот меч. Во осминафиналето Јакуб Менсик му го предаде мечот без борба, а во четвртфиналето Лоренцо Мусети при водство од 2:0 во сетови поради повреда го предаде мечот.

Алкараз (22 години) ќе го игра своето прво финале на Австралија опен и ќе се обиде да го спречи Ѓоковиќ да постави нов рекорд.

На големите турнири ова ќе биде нивни шести меч (Алкараз води со 3:2), додека во меѓусебните дуели ова е нивни десетти меч (Ѓоковиќ води со 5:4). Лани во четвртфиналето на овој турнир Ѓоковиќ по 3,5 часа игра го совлада Алкараз со 3:1 во сетови, иако шпанскиот тенисер поведе со 1:0.

Почетокот на машкото финале е во 9:30 часот по македонско време.

To top