Македонија соопштение

ЈП „Македонијапат“: Слаб снег на Попова Шапка, во моментов не е пречка за сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ЈП „Македонијапат“: Слаб снег на Попова Шапка, во моментов не е пречка за сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ЈП „Македонијапат“ информира дека врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не се пречка за сообраќајот и оти сите патни правци во државата се проодни.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

Најнови вести од Македонија

To top