На 31.01.2026 година во 02:55 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Л.С.(52) од Охрид кој се сомничи дека е сторител на кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.
-Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, управувајќи патничко возило „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со охридски регистарски таблици, кое го управувала Г.А.(22) од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По извршено алкотестирање, полициските службеници кај Л.С. констатирале 2,48 промили алкохол во крвта по што, веднаш му беа одземени возачките документи и беше исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветни пријава.