Хроника акциска контрола

Ножеви и боксирачи пронајдени кај малолетници во Тетово

Сите малолетни лица се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

Ножеви и боксирачи пронајдени кај малолетници во Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово на 30.01. во периодот од 14:00 часот до 16:00 часот спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.

-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, информира МВР.

Сите малолетни лица се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

To top