Свет војна

Зеленски: Русија и Украина запреа со нападите врз енергетските објекти по договорот со САД

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека ниту Москва, ниту Киев не извршиле напади врз енергетски објекти по постигнувањето на договорот на иницијатива на САД, со кој Русија се согласи да се воздржува од такви дејствија.

– Навистина, од синоќа до денеска немаше напади врз енергетски капацитети во ниту еден наш регион. Украина е подготвена под истите услови да се воздржи од удари и денеска не нападнавме руски енергетски објекти, рече Зеленски во своето видеообраќање.

Сепак, Зеленски забележа дека Русија ја „пренасочила“ својата воена активност кон напади врз логистичките објекти, како што се железничките јазли.

Украинската министерка за економија и прв потпретседател на Владата, Јулија Свириденко, соопшти дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле седум напади врз железничката инфраструктура. Таа на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека Русија намерно ги таргетира украинските логистички рути.

To top