Македонија

МЗ: Во координација сме со ФЗО за решавање на проблемите во примарната гинеколошка заштита

Министерството за здравство соопшти дека е во постојана координација со Фондот за здравствено осигурување и стручните здруженија за унапредување на примарната гинеколошко-акушерска заштита откога Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска предупреди за сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Од ресорното министерство нагласуваат дека упатствата базирани на докази континуирано се ревидираат, а стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти на барањето на Здружението.

– Министерството за здравство е во постојана координација и комуникација со ФЗО и стручните здруженија со цел заеднички да изнајдеме најоптимално решение за унапредување на гинеколошко-акушерската здравствена заштита на примарно ниво – соопштуваат од Министерството. Потенцираме дека упатствата за медицина базирана на докази континуирано се ревидираат и обновуваат следејќи ги современите текови во медицината – стои во нивното соопштение.

Дополнуваат дека стручните служби ќе ги разгледаат сите аспекти во согласност со барањето на Здружението на матичните гинеколози и акушери на Македонија.

Здружението на приватните гинеколози и акушери денеска на прес-конференџија предупреди дека примарната гинеколошко-акушерска заштита се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски. Лекарите истакнаа дека ваквата состојба создава хаос, ја префрла одговорноста врз нив и ги остава пациентките без јасна слика за правата и обврските.

Проблемот, според нив, не е во превентивните прегледи, туку во недостигот на јасно дефиниран сет услуги што треба да биде покриен со здравственото осигурување.

Здружението побара Министерството за здравство да изготви клинички упатства и да ги подигне стандардите до европско ниво, а Фондот за здравствено осигурување да го ревидира постојниот договор со имплементација на услуги според тие упатства.

Тие нагласија дека досега немаат добиено одговор и остануваат на ставот за итно отворање дијалог со институциите за воспоставување транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентките и примарното здравство.

To top