Република се зголемува цената за престој на деца

Од 1 февруари повисока цената за престој во велешките градинки „Димче Мирчев“

Претходната цена за престој во градинката била непроменета цели 21 година, односно од 2004 година.

Од 1 февруари повисока цената за престој во велешките градинки „Димче Мирчев“

Со одлука на Советот на Општина Велес, донесена на вчерашната седница, од 1 февруари годинава се зголемува цената за престој на деца во Општинската јавна установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“. Месечниот надоместок се зголемува од досегашните 1.490 на 1.990 денари.

Со одлуката е предвидено висината на надоместокот во иднина да се усогласува еднаш годишно, согласно трошоците за живот и просечно исплатената плата на сите вработени во државата, а сумата ќе ја утврдува Советот на Општина Велес.

Претходната цена за престој во градинката била непроменета цели 21 година, односно од 2004 година.

Според образложението на директорката на установата, Наташа Јанушева, изнесено на седницата, ова не претставува покачување, туку усогласување со актуелните економски услови и зголемените трошоци за живот. Таа посочи дека дел од објектите во кои престојуваат децата се изградени пред повеќе од 50 години и имаат потреба од реконструкција.

Јанушева информираше и дека во 2024 година од партиципација на родителите бил остварен прилив од околу 14 милиони денари, од кои 10 милиони биле потрошени за храна.

Одлуката беше изгласана со поддршка од 16 советници на ВМРО-ДПМНЕ, додека против гласаа тројца советници од СДСМ, еден советник од Левица беше воздржан.

To top