Скопје Општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Доградба на основното училиште Страшо Пинџур

Градоначалникот наведе дека ќе се обезбеди повеќе простор и подобри услови за едносменска настава за учениците.

Стојкоски: Доградба на основното училиште Страшо Пинџур

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека на основното училиште Страшо Пинџур ќе се изврши доградба.

Ветувањата се реализираат. Трето училиште во нашето Ѓорче што оваа година ќе добие доградба. Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука. Советот едногласно донесе одлука за целосно ослободување од плаќање на комуналии за доградба и надградба на ООУ Страшо Пинџур, објави Стојкоски.

Градоначалникот наведе дека ќе се обезбеди повеќе простор и подобри услови за едносменска настава за учениците.

Инвестираме паметно, одговорно и со јасна цел – подобро образование и подобра иднина за децата во Ѓорче Петров, објави Стојкоски.

🏗 ДОГРАДБА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ СТРАШО ПИНЏУР

Ветувањата се реализираат.Трето училиште во нашето Ѓорче што оваа…

Posted by Александар Стојкоски on Петок, 30 јануари 2026

To top