Македонија

Професорката Каракамишева ангажирана за советник на Мицкоски

Професорката Каракамишева ангажирана за советник на Мицкоски

Професорката на катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје, Тања Каракамишева – Јовановска објави дека е ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

-Голема благодарност за дадената доверба која е плод на нашата повеќегодишна соработка. Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото. Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа, напиша Каракамишева.

Нагласи дека ветува работа и резултати!

Најнови вести од Македонија

To top