Македонија протестен марш

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје, информира МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

-Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР.

Најнови вести од Македонија

To top