Македонија Еурека: сдс почна да чувствува!

СДС имале чувство, два пати

Седум години немавте чувство за чувствата на Македонците, за името, за уставот, за преамбулата, за двојазичноста, за затворањето на патриотите, немавте ни абер од чувство ни за аздисот, самобендисаноста и ароганцијата која прштеше од вас, така црпнати и заштитени од чадорот.

Немавте ни чувство, ни осет. Добро е што ви се враќа, макар вака пост фестум, макар по се’ што така бесчувствително му згрешивте на народот.

Имавте чувство дека нема да одговарате.

Тешка, геостартешка грешка…

СДС имале чувство, два пати

„Имаме чувство дека не е само една слика со криминалци“, вака е насловено третото соопштение на СДС утрово.

Второто има ваков наслов:  „Имаме чувство за владино влијание врз Обвинителството“

 

Во двете соопштенија пустите „чувствувачи“ по два пати повторуваат дека имаат чувство за разно разни лудории.

Веројатно, чувствуваат дека се стега обрачот околу нивниот лидер. Вистинскиот, Заев, како и околу неговиот чувар на тронот Филипче.

Имаат чувство дека доаѓа време за одговорност. И не, не ве лаже чувството.

Седум години немавте чувство за чувствата на Македонците, за името, за уставот, за преамбулата, за двојазичноста, за затворањето на патриотите, немавте ни абер од чувство ни за аздисот, самобендисаноста и ароганцијата која прштеше од вас, така црпнати и заштитени од чадорот.

Немавте ни чувство, ни осет, скрупули уште помалку. Добро е што ви се враќа, макар вака пост фестум, макар по се’ што така бесчувствително и бескруполозно му згрешивте на народот.

 

Имавте чувство дека нема да одговарате за зулумите и арамилакот.

Тешка, геостартешка грешка…

 

Најнови вести од Македонија

To top