Македонија „Спортисти на годината 2025“

Милион денари од општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијада

„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“, вели Коњановски.

Милион денари од општина Битола за подготовките на Рустемовски за Олимпијада

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека синоќа имаше чест заедно со секретарот на општината Борче Димитровски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски да присуствува на манфестацијата „Спортисти на годината 2025“ на која двајца битолчани се закитија со ова престижно признание.

Боксерите од Битола Адријан Рустемовски е прогласен за млад спортист на Македонија, а Ален Рустемовски избран за спортист на годината на Македонија.

„Со ова уште еднаш Битола покажа и докажа дека е спортски град, а изградбата на боксерската сала е вистинска инвестиција на Општина Битола“, вели Коњановски.

Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период финансиски да го поддржува Рустемовски.

Со 1 милион денари од буџетот, Општината ќе го поддржи на неговите подготовки за обезбедување пласман на Олимписките игри.

По 71-ви пат беа доделени спортските награди на најдобрите спортисти, тренери и тимови од Македонија за 2025 година, а беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.

Настанот го организираа Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top