Свет „Таа е многу популарна, многу почитувана личност“

Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: Мојата сопруга е поотворена во вториот мандат

– Тоа е мој избор. Јас сум ориентирана кон мисијата и дејствувањето, и имавме многу успешна прва година во мојата канцеларија како прва дама. И, сум горда на она што го постигнавме, додаде Меланија.

Трамп на премиерата на филмот „Меланија“: Мојата сопруга е поотворена во вториот мандат

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава на премиерата на документарецот „Меланија“, којшто ја раскажува приказната за неговата сопруга. Тој, имено, смета дека таа е „поотворена“ за време на неговиот втор мандат што почна во јануари минатата година, пренесе ДПА.

Филмот, режиран од Брет Ратнер и продуциран од „Амазон Ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios), го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на Трамп во 2025 година, од нејзиниот дом во кулата „Трамп тауер“ во Њујорк до имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич, и ги доловува миговите зад сцената во Белата куќа. Документарецот премиерно беше прикажан вчеравечер, и е деби-проект на новата филмска продукциска компанија на првата дама – „Мјуз филмс“ (Muse Films). Пред премиерата што се одржа во културниот „Трамп – Кенеди центар“ во Вашингтон, претседателот Трамп се согласи дека првата дама денес е поотворена, објави денеска „Фокс њуз“ (Fox News).

-И јас го забележав тоа. Таа е поотворена. Тоа доаѓа со времето. Одлично си ја заврши работата. Таа е многу популарна, многу почитувана личност!, истакна Доналд Трамп.

Меланија Трамп изјави за „Фокс диџитал“ дека е „многу селективна“ во она што го прави и зборува.

-Тоа е мој избор. Јас сум ориентирана кон мисијата и дејствувањето, и имавме многу успешна прва година во мојата канцеларија како прва дама. И, сум горда на она што го постигнавме, додаде Меланија.

Документарниот филм „Меланија“ ја прикажува работата на првата дама, нејзините филантропски потфати и нејзиниот семеен живот додека се подготвува вторпат да стане прва дама на САД. Прикажувањето на документарецот во кината ширум светот почнува денес. (МИА)

To top