Македонија темели за сигурна иднина

(ФОТО) Мицкоски: Проекти за трајна промена за општина Штип

Со инвестиција од 151.458.884 денари, обезбедена од Министерството за транспорт, се создава современа магистрална сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста, ќе го олесни протокот на сообраќајот и ќе придонесе за побезбеден и поефикасен транспорт низ градот.

(ФОТО) Мицкоски: Проекти за трајна промена за општина Штип

Премиерот Христијан Мицкоски ги објави проектите за трајна промена – темели за сигурна иднина кои се однесуваат за општина Штип.

Изградба на градска магистрална улица траса од нас. Железничка до м.в. Рибник, општина Штип. Во Општина Штип се одвиваат интензивни градежни активности во рамки на проектот за изградба на градска магистрална улица која ќе ги поврзе населбата Железничка и месноста Рибник. Во работната фаза се изведуваат активности на целата траса, кои опфаќаат изградба на коловоз, тротоари и атмосферска канализација. Проектот е дел од првата фаза и претставува значаен инфраструктурен зафат за унапредување на урбаната мобилност, потенцира во објавата Мицкоски.

Со инвестиција од 151.458.884 денари, обезбедена од Министерството за транспорт, се создава современа магистрална сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста, ќе го олесни протокот на сообраќајот и ќе придонесе за побезбеден и поефикасен транспорт низ градот.

Проектот претставува важен чекор кон долгорочен развој на сообраќајната инфраструктура во Штип и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, додаде во објавата.

Изградба на градска магистрална улица траса од нас. Железничка до м.в. Рибник, општина Штип.

Во Општина Штип се…

Posted by Hristijan Mickoski on Четврток, 29 јануари 2026

Најнови вести од Македонија

To top