Македонија професионални капацитети

Работилница на тема „Моќта на самоконтролата и справувањето со емоции“

Ваквите едукативни активности претставуваат значаен чекор кон унапредување на менталното здравје.

Работилница на тема „Моќта на самоконтролата и справувањето со емоции“

Во просториите на Црвениот крст на Република Македонија, се одржа работилница на тема „Моќта на самоконтролата и справувањето со емоции“, наменета за вработените од стручната служба.

Работилницата ја водеше психологот Никола Дукоски, а активно учество земаа вкупно 12 вработени. Целта на настанот беше зајакнување на личните и професионалните капацитети на учесниците преку развивање вештини за препознавање, разбирање и соодветно управување со сопствените емоции, особено во стресни и предизвикувачки ситуации на работното место.

Преку интерактивни активности, дискусии и практични примери, учесниците имаа можност да се запознаат со: препознавање на сопствените емоционални реакции, техники за смирување и одржување самоконтрола, начини за конструктивно изразување на емоциите, стратегии за подобрување на комуникацијата и намалување на конфликти.

Ваквите едукативни активности претставуваат значаен чекор кон унапредување на менталното здравје, професионалната отпорност и зајакнување на меѓусебната поддршка во работната средина.

Најнови вести од Македонија

To top