ТВ и Филм американски фестивал

Американска премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Мајами

Среќен сум што преку овој филм не само што ѝ дадовме на Македонија прво долгометражно анимирано остварување, туку успеавме и да ја ставиме нашата земја на светската мапа на научната фантастика. Нашата национална кинематографија бележи период на невиден подем на светско ниво и среќен сум што сум дел од оваа мала културна револуција, изјави Цветановски.

Американска премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Мајами

Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија и сценарио на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на американскиот фестивал посветен на научна фантастика Miami Science Fiction Film Festival.

Режисерот Цветановски информира дека фестивалот, кој со години привлекува врвни автори и продуценти од целиот свет, е препознатлив по својот фокус на иновативни, визионерски и авторски филмски дела. Во претходните изданија меѓу специјалните гости се најде и Џорџ Р.Р. Мартин, авторот на романите врз кои е базирана глобалната хит ТВ серија Игра на Тронови.

Гоце Цветановски

Со селекцијата во Мајами, Цветановски наведува дека филмот го продолжува својот успешен фестивалски пат и дополнително ја зацврстува позицијата на македонската анимација на светската сцена. Светската премиера ја имаше во Ситџес, Шпанија, еден од најголемите жанровски фестивали во светот, а досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, каде што освои шест награди.

– Среќен сум што преку овој филм не само што ѝ дадовме на Македонија прво долгометражно анимирано остварување, туку успеавме и да ја ставиме нашата земја на светската мапа на научната фантастика. Нашата национална кинематографија бележи период на невиден подем на светско ниво и среќен сум што сум дел од оваа мала културна револуција, изјави Цветановски.

Гоце Цветановски

Главните улоги во филмот ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а продуцент е Алан Кастиљо.

To top