Екипата на Челси одлучи да стави крај на соработката со поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг, кој беше најплатениот фудбалер во редовите на лондонскиот клуб.
Искусниот офанзивец пристигна на „Стемфорд Бриџ“ во 2022 година како големо засилување од Манчестер сити, но по три и пол сезони во Челси, повторно ќе биде во потрага по нова средина и нов предизвик во кариерата.