Хроника

Штипјанец заработи кривична: Со две лица ја нападнал поранешната сопруга и ја одзел ќерката

Штипјанец заработи кривична: Со две лица ја нападнал поранешната сопруга и ја одзел ќерката

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Д.(21) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „одземање на дете“.

-На 17.11.2025 во Штип, пријавениот, кој бил со уште две лица, физички ја нападнал неговата 23-годишна поранешна сопруга, а потоа со помош на едно од лицата ја одзел нивната малолетна ќерка, информира МВР.

To top