Премиерот Христијан Мицкоски ги објави Проектите за трајна промена – темели за сигурна иднина за општина Кисела Вода.
Основен проект за реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на ул. Ѓорѓи Димитров во општина Кисела Вода. Во работната фаза се реализираат теренски активности за целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров“, со фокус на подобрување на безбедноста, функционалноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура, објави Мискоски.
Работите се изведуваат согласно современи стандарди за урбано уредување и долготрајност на патната конструкција. Зафатите опфаќаат темелна реконструкција на коловозната површина, замена на тампонскиот слој и изградба на нова асфалтна конструкција во два слоја, како и реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата со нови павер елементи. Паралелно се врши нивелирање и зајакнување на шахтите од фекалната и атмосферската канализација, со што се обезбедува стабилност и сигурност на целата сообраќајница, потенцира во објавата.
Со инвестиција во вредност од 51.891.337 денари, проектот значително придонесува за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните, објави Мицкоски.
Основен проект за реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на ул. Ѓорѓи Димитров во општина Кисела Вода.
Во…
Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 28 јануари 2026