Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците и да имаме нормален сообраќај низ градовите

Морам да потенцирам дека интенцијата за безбедна Македонија е хумана интенција, поентата е да се спасат што можно повеќе човечки животи“, вели Панова.

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците и да имаме нормален сообраќај низ градовите

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова која зборуваше за многу актуелни теми меѓу кои и за проектот „Безбеден град“ кој ќе започне од 1 февруари се со цел да се стави ред и безбедност во сообраќајот, намалување на сообраќајни прекршоци и човечки жртви, посочувајќи дека првично ќе биде воспоставен низ Скопје, Куманово и Тетово, а понатаму и низ цела Македонија.

„Безбеден град е еден проект на кој сите треба да бидеме горди, со кој покажуваме дека Европа можеме да ја донесеме дома. Нашата Влада и Панче Тошковски цврсто решени да ги намалАт жртвите коишто ги имаме на македонските улици почнаа длабоко да го работат проектот и еве стигнавме до тоа дека од први февруари влегува во сила овој проект којшто ќе значи поголема безбедност, најпрвин низ улиците на Скопје, Куманово и Тетово а понатаму и низ сите градови во Република Македонија. Морам да потенцирам дека интенцијата за безбедна Македонија е хумана интенција, поентата е да се спасат што можно повеќе човечки животи“, вели Панова.

Пратеничката Панова потенцираше дека проектот Безбеден град уште во тест фазата покажал резултати во однос на намалување на бројот на сообраќајни несреќи и човечки жртви, истакнувајќи дека целта на проектот е воспоставување на ред и нормален сообраќај низ градовите во Македонија.

„Овој проект носи резултати, при првите мерења кои се направени или споредбени периоди за разлика од претходната година, дали станува збор за сообраќајни прекршоци или станува збор за човечки жртви или телесни повреди, се многу намалени. Што значи проектот дава резултати уште пред да започне, сите треба да знаат дека целта на Безбеден град е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето низ улиците, да запре возењето на шофери кои немаат возачка дозвола, да запре минување на црвено, да запре непрописно паркирање и самото тоа да придонесе да имаме еден нормален сообраќај низ градовите. Според уверувањата кои ни се дадени од страна и на министерот Тошковски и на целата Влада, ветувањата се дека до крајот на 2026 година безбедна ќе биде цела Македонија, не само градовите Скопје, Куманово и Тетово“, рече Панова.

Најнови вести од Македонија

To top