Во салата на Карате клубот „Олимпик спорт 2007“ во скопската населбата Лисиче се одржа првиот заеднички тренинг од планираните три пред претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Грузија.
Натпреварувачите имаа можност да одржат тренинзи во дисциплините кати, како и спаринг борби со повеќе противници во дисциплината кумите, под водство на селекторите од соодветните возрасни категории, како и во присуство на директорот на репрезентацијата Арлинд Хусеини.
-И овој пат настанот претставуваше одлична можност за размена на повеќе тренерски искуства. Следните два тренинзи ќе се одржат во ООУ „Гоце Делчев“ во населбата Лисиче на 28 јануари и на 4 февруари, соопшти денеска Карате федерацијата на Македонија.
Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 ќе се одржи од 9 до 11 февруари во грузискиот главен град Тбилиси.