Свет УКРАИНА ВО ЕУ Е УВОЗ НА ВОЈНА

Орбан: Украинското раководство ја премина границата, Унгарија е цел на напади со денови

Владата нема да испраќа пари во Украина, бидејќи тие пари се на подобро место кај унгарските семејства отколку, како што изјави, „во бањата на украински олигарх“, пренесува МТИ.

Орбан: Украинското раководство ја премина границата, Унгарија е цел на напади со денови

Украинското раководство ја премина границата, ние не баравме конфликт, но Унгарија е цел на напади со денови, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Орбан денеска напиша на својата Фејсбук страница дека ништо нема да ја спречи неговата влада да ги следи интересите на унгарскиот народ.

Тој додаде дека владата нема да испраќа пари во Украина, бидејќи тие пари се на подобро место кај унгарските семејства отколку, како што изјави, „во бањата на украински олигарх“, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер рече дека нема да дозволи увозот на руска нафта и гас да биде забранет, бидејќи без нив, според него, нема да има намалување на трошоците за комунални услуги и прифатлива енергија за унгарските семејства.

Тој додаде дека Унгарија „нема да дозволи Украина да биде втурната во Европската Унија за две години, кршејќи ги законите на ЕУ, бидејќи тоа би значело увоз на војна“.

„Додека Унгарија има патриотска влада, овие прашања нема да се решаваат во Киев или Брисел. Тоа го знаат и во Украина. Затоа сакаат нова, пријателска влада во Будимпешта и затоа ни се закануваат на секој чекор“, напиша Орбан.

To top