Кога вработените во продавница за алкохол во Вирџинија дошле едно утро на работа, ја затекнале продавницата во хаос. Шишиња биле скршени, поради што вработените повикале полиција.
Полицајката која дошла на повикот била пречекана од влажен ходник кој интензивно мирисал на алкохол и бил прекриен со скршени шишиња. Таа ја следела трагата од скршени шишиња што ја одвеле до тоалетот, и таму – крадецот на дело!
Пијаниот осомничен е ракун, кој го пробал секој пијалок што се истурил на подот, а потоа заспал пијан на подот од тоалетот.
A raccoon broke into a Virginia liquor store, then passed out in the bathroom. pic.twitter.com/Vp11ih6EY6
— Pop Crave (@PopCrave) December 2, 2025
Контролата на животните во округот Хановер подоцна објави соопштение на Фејсбук во кое се вели:
„Полицаецот Мартин безбедно го обезбеди нашиот маскиран бандит и го транспортираше во засолниште за да се отрезни пред да биде испрашан. По неколку часа сон и без знаци на повреда (освен можеби мамурлак и лоши животни одлуки), тој беше безбедно пуштен назад во дивината, со надеж дека научил дека кражбата и пиењето не се решение.“