Христијан Мицкоски, претседателот на Владата вечерва во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“, зборуваше на многу теми, меѓу кои беше и економијата. Мицкоски рече дека македонската економија се стабилизира, и дека во моментов земјата има најниски давачки во Европа.
Кажа дека и покрај притисоците за зголемување на ДДВ-то, на данокот на добивка, како и стажот на работниците, сепак, тоа не се случило.
„Имавме притисок да го зголемиме ДДВ, како и данокот на добивка, не го направивме тоа. Од трета страна имавме притисок да го зголемиме стажот, односно возраста за пензионирање, и не го направивме тоа, затоа што оставивме работниците и работодавачите сами да се договорат. Понудивме 250 милиони евра субвециониран кредит. Реков дека имаме најголем раст на кредитното портофило за инвестиции во приватниот сектор“, рече Мицкоски.