Македонија оставка

Џихан Ахмед си поднесе оставка

Џихан Ахмед која е кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка.

Џихан Ахмед си поднесе оставка

Џихан Ахмед која е кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка.

Имено таа на јавната расправа одржана на 20.01.2026 година, иако е магистер по меѓународно право, не успеала да покаже основно познавање на Истанбулската конвенција – клучниот стратешки документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за темелите на оваа конвенција, таа дала одговор во историски контекст, зборувајќи за градот Истанбул и периодот на Ататурк, наместо за правните механизми за заштита од дискриминација.

Законот предвидува дека член на Комисијата мора да има минимум седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет години конкретно во областа на еднаквост и недискриминација. Ревизијата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема ниту еден ден работно искуство во оваа сфера. Нејзиното претходно искуство е во приватни фирми, како асистент на универзитет и професор во средно училиште, со фокус на корпоративната безбедност, што не е соодветно за оваа функција.

Најнови вести од Македонија

To top