Македонија општина Гази Баба

ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Поставен камен-темелник на спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара

Очекувам уште многу вакви проекти кои во периодот што следи ќе бидат реализирани. Да го испорачаме она коешто сме го ветувале. Тоа е суштината на политичарите, нагласи Мицкоски.

ФОТО-ГАЛЕРИЈА: Поставен камен-темелник на спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска поставија камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населеното место Железара.

Премиерот Мицкоски им честиташе на градоначалникот Стефковски, на советниците, на администрацијата од Општина Гази Баба, на пратениците, на министерката, на Министерството за образование и наука за посветената работа при реализацијата на овие проекти, кои се многу значајни во развојот на децата и нивниот образовен процес.

– Очекувам уште многу вакви проекти кои во периодот што следи ќе бидат реализирани. Да го испорачаме она коешто сме го ветувале. Тоа е суштината на политичарите, нагласи Мицкоски.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека инфраструктурата е еден од основните елементи за подигање на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците.

– Токму поради тоа оваа Влада заедно со градоначалниците и министерството вложуваат во инфраструктура. Лани потрошивме 67 милиони евра за инфраструктурни објекти, а годинава почнуваме 160 нови инфраструктурни објекти, од кои 60 се спортски сали. 30 спотски сали се во процес на реновирање и почнуваме нови 30 спортски сали, од кои една е и оваа сала, на која денес ставаме камен-темелник. Она што Владата, министерството и општините го ветуваат заеднички работејќи и го исполнуваат за што вие сте сведоци, изјави Јаневска.

Градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски истакна дека денеска заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и ресорната министерка испраќаме силна порака дека инвестициите во Гази Баба продолжуваат со засилено темпо и со конкретни резултати на терен.

Влада

– Поставивме камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во Железара. Вкупната инвестиција на овој проект е 39 милиони денари, а денеска ја почнавме реализацијата на првата фаза со склучен договор во износ од 20 милиони денари. Површината на оваа спортска сала ќе изнесува 650 метри квадратни со сите придружни содржини, со што овозможуваме современи услови за спорт и рекреација на учениците, но и на сите млади генерации, рече Стефковски.

Градоначалникот на општина Гази Баба информира дека претходно извршиле увид во реконструкцијата на улицата „Петре Филиповски Гарката“ во населба Триангла, проект вреден околку осум милиони денари. Информира дека проектот опфаќа комплетна реконструкција на коловозот во должина од 603 метри.

Министерство за образование и наука

– Работиме одговорно, чесно и посветено, како што им ветивме на граѓаните. Насекаде низ Гази Баба се реализираат проекти, а многу од нив наскоро ќе бидат пуштени во употреба. Тоа се: пуштање во употреба две нови градинки, спортска сала во Црешево, Дом на култура „11 Октомври“ – Ченто, ново основно училиште – ООУ „Крсте Мисирков“ и многу други проекти. Испраќаме силна порака дека ако институциите работат заедно, со јасна визија и искрени намери тогаш резултатите не изостануваат. Гази Баба од ден на ден прераснува во свремена и модерна општина и обезбедуваме услови за квалитетно живеење на сите наши граѓани, истакна Стефковски.

Најнови вести од Македонија

To top