Останати спортови Австралија Опен

Сабаленка по победата над Јовиќ: Таа е неверојатен талент

Во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн, Сабаленка ќе се соочи со победничката од мечот у Коко Гоф (САД) – Елина Свитолина (Украина).

Сабаленка по победата над Јовиќ: Таа е неверојатен талент

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сумираше впечатоците по својот натпревар против Американката Ива Јовиќ во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 2026 година.

A fourth consecutive AO semifinal for Sabs 💫

Posted by Australian Open on Понеделник, 26 јануари 2026

Белоруската победи во два сета, 6:3 и 6:0. Осумнаесетгодишната Јовиќ за прв пат стигна до четвртфиналето на еден Грен слем турнир.

– Овие тинејџерки ме тестираа во последните два натпревара. Таа е неверојатен талент. Не гледајте го резултатот, беше тежок натпревар. Таа одигра неверојатен тенис и ме турна на повисоко ниво. Многу сум среќна со победата бидејќи беше тешка борба. Чувствував дека морам да засилам и да извршам уште поголем притисок врз неа бидејќи видов дека е млада и полна со енергија. Сфатив дека ќе се бори до крај, без оглед на резултатот, изјави Сабаленка по мечот.

Во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн, Сабаленка ќе се соочи со победничката од мечот у Коко Гоф (САД) – Елина Свитолина (Украина).

To top