Свет Се очекува заедничка изјава на самитот

Моди: Индија и ЕУ постигнаа историски договор за слободна трговија

Според Си-Ен-Би-Си, договорот ќе создаде пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии.

Моди: Индија и ЕУ постигнаа историски договор за слободна трговија

Индија и Европската Унија вчера постигнаа „значаен“ договор за слободната трговија, што се смета за најголем досега, изјави индискиот премиер Нарендра Моди.

Во своето обраќање на Неделата на енергијата во Индија, Моди денеска договорот го нарече „мајка на сите договори“, пренесува Си-Ен-Би-Си (CNBC).

Тој рече дека договорот, што ги надополнува постојните договори на Индија со Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија, ќе биде особено корисен за клучните сектори на индиската економија.

Според Си-Ен-Би-Си, договорот ќе создаде пазар од две милијарди луѓе во време кога трговските врски се тестираат поради зголемените геополитички тензии.

Се очекува Моди и претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, да дадат заедничка изјава на самитот Индија-ЕУ во Њу Делхи подоцна во текот на денот, откривајќи ги деталите од договорот што е во подготовка речиси две децении. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top