Живот и Стил Функционалната поврзаност меѓу различните мозочни мрежи е изменета

Како бременоста влијае на мозокот на трудницата?

Неврологот и автор на блогот „Посветлата, посјајна ти!“ (Lighter, Brighter You!), Делија Меккејб додава дека овие промени имаат интуитивна смисла бидејќи мозокот треба да се промени за да се осигури дека следната генерација има најдобри шанси да напредува. Нејзината колешка Ејми Рајхелт дополни дека испитувањата врз животни покажаа дека хипокампусот – клучен за меморијата и просторната навигација, доживува промени што може да помогнат со умствените потреби и барања за грижа за новороденчето.

Како бременоста влијае на мозокот на трудницата?

Иако е нормално телото на жената да се менува за време на бременоста, ново истражување посочува како таа состојба влијае и на мозокот на жената. Истражувачите, имено, го проучувале мозокот на здрава 38-годишна трудница низ целата нејзина бременост и две години по породувањето. Тие направиле 26 магнетнорезонантни скенирања и крвни тестови. Сѐ тоа е споредено со податоци од осум лица кои не биле бремени.

Според порталот „Кликс“, наводите говорат дека мозокот на жената претрпува неколку промени за време на бременоста.

Лаура Притшет – една од авторите, и нејзиниот тим откриле дека, заедно со зголемувањето на естрогенот и прогестеронот, кај сивата материја во мозокот на бремената жена – почнувајќи уште од деветтата недела е забележано истенчување на кортексот, што природно се јавува во стареењето, како и зголемена бела материја. Инаку, белата материја сочинува околу 60 отсто од мозокот и помага во обработката на информациите. Некои од промените, вклучително и намалувањето на сивата материја, останале и две години по породувањето, додека други – како што е зголемувањето на белата материја, биле привремени.

И претходни трудови, исто така, ги испитувале промените во мозокот за време на бременоста, вклучително и намалување на сивата материја, како и на општата големина на мозокот. Психологот Санам Хафез за порталот „Перентс“ (Parents), вели оти ваквите мутации би можеле да му помогнат на мозокот да се справи со мајчинството.

– Со тоа што ќе ги подготви жените да поминат повеќе време со новороденчето, тие се справуваат со стресот. Иако некои когнитивни функции како што е помнењето може да изгледаат привремено изменети, основната невронска преорганизација, се чини, ги поттикнува социјалните и емоционалните промени за време на овој клучен период на развој, изјави д-р Хафез.

Неврологот и автор на блогот „Посветлата, посјајна ти!“ (Lighter, Brighter You!), Делија Меккејб додава дека овие промени имаат интуитивна смисла бидејќи мозокот треба да се промени за да се осигури дека следната генерација има најдобри шанси да напредува. Нејзината колешка Ејми Рајхелт дополни дека испитувањата врз животни покажаа дека хипокампусот – клучен за меморијата и просторната навигација, доживува промени што може да помогнат со умствените потреби и барања за грижа за новороденчето.

– Покрај тоа, функционалната поврзаност меѓу различните мозочни мрежи е изменета, што укажува на широко распространета преорганизација за поддршка на преминот кон мајчинството, појасни д-р Рајхелт.

Заборавањето е уште една честа појава во бременоста. Д-р Хафез нагласува дека наместо доказ за некаков вид дегенерација на мозокот, новото истражување укажува дека за време на бременоста се случува приспособување на мозокот и овие промени не се штетни, па дури може да бидат и здрави. Таа објасни и дека осцилациите во емоционална смисла се сосема нормални бидејќи хормоналните промени влијаат и на регулацијата на расположението. (МИА)

To top