Македонија Седумдневна блокада

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини

-Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови – изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“.

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини

Од 12 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Стар Дојран, ГП Богородица и ГП Меџитлија, соопшти АМСМ.

Од 12:20 часот блокиран е сообраќајот за излез од државата за тешки товарни возила на ГП Ќафасан и ГП Блато.

Од 12:00 часот пред ГП Долно Блаце започнат е протест на превозници со тешки моторни возила, поради што товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце се пренасочува кај БП Дизел, а останатиот сообраќај се одвива нормално.

Од 12 часот отпочнати се блокади и на ГП Деве Баир, ГП Делчево и ГП Ново Село.

Засега блокиран е само сообраќајот за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено.

Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека од денеска ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

-Протестот во сите четири држави ќа почне во 12 часот за сите возила што излегуваат од државата, а за сите возила што ќе влегуваат во државата граничните премини се затвораат во 00.00 часот со цел сите што се враќаат дома да може да влезат и да му се приклучат на протестот. Главното барање на превозниците е да се најде решение за престојот на возачите во шенген-зоната да не се евидентираат денови или да ни издаваат некој вид визи што не се лимитирани со број на денови, изјави Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на здруженијата на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија, „Макам-транс“. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top