Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција истакна дека ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните.
-Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен криминални шеми нема ништо позади себе. Тука се случаите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други. Како и да е пред десеттина дена, Филипче возеше до Мала Речица да се види со Ахмети, за што зборувале секој го кажа своето, ама ете во петокот излегоа координирани нивните пратеници и гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи. Тоа замислете координирани за системот безбеден град, поточно за последниот закон кој овозможува негово ставање во функција од први февруари. Да, координирани со ист став за систем којшто ги штити граѓаните, нивната безбедност и животот во сообраќајот, вели Стојаноски.
Тој вели дека истите тие здружено молчеа на оваа тема седум години, не направија ништо.
-Дека Филипче не се грижи за никој, односно се грижи за себе и своите покажа на саботниот Конгрес кога ги нападна сите освен своите. И да, зошто Филипче би се грижел за безбедноста и животот на граѓаните. Има Филипче и свои грижи на Конгресот не му присуствувале една третина од делегатите доволно да покренат барање за нов конгрес. Но, ваквите грижи во кои се најде Филипче се поради неговите деструктивни политики, но тоа не значи дека треба да не се грижи за граѓаните. Тоа треба да е приоритет! Сепак, очигледно е дека ликови како Филипче и Ахмети со толкаво криминално минато не им паѓа на памет да работат за доброто на граѓаните. Затоа тука е ВМРО-ДПМНЕ, кое работи и креира политики корисни за секој еден граѓанин, нагласува Стојаноски.