Американската скијачка Микаела Шифрин со убедлив триумф во денешниот слалом во Шпиндлеров Млин забележа уште една победа во Светскиот куп во алпско скијање и воедно го обезбеди Малиот кристален глобус во оваа дисциплина.
За Шифрин ова е 108. победа во Светскиот куп и деветта титула во слалом, со што уште еднаш ја потврди својата доминација во оваа дисциплина.
Второто место го освои Швајцарката Камил Раст, која заостана една секунда и 67 стотинки зад победничката, додека на третата позиција се пласираше Германката Ема Ајхер со заостанување од 2,18 секунди.