Македонија Најави кандидатура за реизбор за потпретседател

Николоски: Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на Македонците

Секогаш во борба за правата на Македонците и Македонија, пишува Николоски на Фејсбук.

Николоски: Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на Македонците

Потпретседателот на групата на ЕПП и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска е во Стразбур, на почеток на зимската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур.

-На почеток на зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во Стразбур. Parliamentary Assembly of the Council of Europe. Денес директно ќе ги прашам тројцата кандидати за Комесар за човекови права што ќе направат за заштита на човековите права, правото на употреба и настава на мајчин јазик и правото на здружување за Македонците во Бугарија, Грција и Албанија. Од нивните одговори ќе одлучам за мојот избор. Исто така најавувам кандидатура за реизбор за Потпретседател на Европската Народна партија EPP – European People’s Party во Совет на Европа, позиција која ја извршувам во изминативе две години. Секогаш во борба за правата на Македонците и Македонија, пишува Николоски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top